Активности

POSTER2

POSTER1

На 14.09.2016 год., учениците од ООУ „Ѓорче Петров“, од VIII и IX одд., ја посетија г-ѓа Десанка Косовска, која им раскажа на нашите ученици многу интересни спомени, за нејзиниот живот поминат во  У3 Дексион

На 13.09.2016 год., во Центарот за култура во Ѓорче Петров, се одржа Квиз- Ликот и делото на Ѓорче Петров, по повод 100 год., од општината Ѓорче Петров. Честитики до сите ученици, особено до нашата ученичка Ана Стојаноска од IX-1 одд., која беше дел од победничката група „ Вода “.

На 15.09.2016 год., се одржа литературно читање во Центарот за култура на општина Ѓорче Петров- по повод 100 годишнината од населеното место. Ученичката Миа Раковиќ од VIII-2одд.,  доби II награда за прозен текст „ Мојата општина “- Диплома и книга, на наградниот конкурс организиран од општината. Честитки за ученичката и нејзиниот ментор Иванка Мишевска

На 11.09.2016 год., нашата ученичка Миа Раковиќ, доби награда за напишаната песна „ Денот на таткото “. Честитки за неа и нејзиниот ментор Иванка Мишевска.

ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА

ООУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Како и секоја година така и оваа на ден 04.05 2016 год. со Свечена програма беше одбележан Патониот празник на нашето училиште ООУ„Ѓорче Петров“ – Скопје. Свечената програма се одржа во кино салата на училиштето и беше отворена со новата денс-верзија на химната на нашето училиште „Ѓорче Петров“, за која беше изразена благодарност до познатиот композитор Александар Масевски кој ја компонираше химната, изразена благодарност и до Александар Китевски во чие студио беше снимена и изразена благодарност до телевизија ЕДО која го сними спотот за химата.Спотот на химната може да се проследи на почетната страна на Веб страната.

ООУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ВО НЕУМОРЕН КОНТИНУИТЕТ СО НАСТАПИ, АКТИВНОСТИ, УЧЕСТВА, ХУМАНИТЕРНИ АКЦИИ, ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНЕН ПРАЗНИК И ПРОСЛАВИ

На ден 24.04 2016 год. во Зоолошката градина во Скопје беше одбележан „Денот на имунизација“, во што и нашето училиште „Ѓорче Петров“ беше покането и зема учество

АКЦИЈА „САДНИЦА ПЛУС“
„Ден на дрвото“

На ден 18.Април 2016 г.(понеделник) во нашето училиште ООУ „Ѓорче Петров “ се спроведе акција: „Садница плус“, како дел од пролетната акција: „Ден на дрвото“. Со акцијата беше предвидено засадување на семе од ела од страна на учениците од прво до осмо одделение и истата беше реализи-рана на класен (одделенски час), но притоа не беше нарушен воспитно-образовниот процес.

Извештај за посета на Саемот на книга

На ден 13.04.2016 година се изведе посета на Саемот на книга со учениците од VI-IX одделение.
Учениците имаа можност да ги посетат штандовите на сите издавачки куќи кои имаат земено учество во овогодишниот Саем на книга и да ги збогатат своите библиотеки со книги од сите подрачја на интерес.
Учениците беа придружувани од следните наставници: Дивна Мицкова Гаврилова, Иванка Мишевска, Васка Трајановска, Марија Ризова и Славица Момчиловиќ.

На ден 07.03.2016 год. учениците од III-1 и III -2 одд. по повод празникот 8-ми Март подготвија приредба. На приредбата се изведоа три драматизации, рецитал, стхотворби за мајката, една ритмичка и една хорска песна за мајката. Потоа секој ученик на својата мајка и додели Диплома за најдобра мајка и честитка. За крај родителите ја разгледаа ликовната изложба на тема 8 Март и мојата мајка подготвена од учениците.

Општински натпревар по биологија 2015/2016 година за учениците од шесто до деветто одделение-основно образование

Во просториите на ООУ„Ѓорче Петров“, се одржа општинскиот натпревар по биологија за учениците од шесто до деветто одделение.  На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта „Ѓорче Петров“,

opstinski natprevar

„Мирче Ацев“, „Страшо Пинџур“, „Тихомир Милошевски“, „Димитар Беровски“ и „Јоаким Крчоски“. Натпреварот започна во 10 часот, траеше 60 минути и се помина во најдобар ред. По завршувањето на натпреварот општинската комисијата ги прегледуваше тестовите и беа објавени резултатите од натпреварот. Комисијата која го спроведе натпреварот беше во состав: Марија Ризова-ментор, (претседател) од ООУ „Ѓорче Петров“, Ана Настова –ментор од ООУ„Јоаким Крчоски“ и Гордана Насковска -ментор од ООУ„Мирче Ацев“..

За повеќе кликнете тука