Акција со шишиња

Акција за собирање на стара пластика

Нашето училиште во соработка со ПАКОМАК спроведува акција за собирање на стара пластика која понатаму ќе се рециклира.Во оваа акција се вклучени сите ученици од прво до девето одделение ,наставниците и техничкиот персонал.Секој ученик има за задача да донесе најмалку по пет шишиња во текот на неделата.На почетокот на секоја работна недела се сумира вкупниот број на шишиња по одделение и се запишува во табела која се наоѓа во училишниот хол. За возврат за реализираната акција ПАКОМАК доставува течен сапун во училиштето.

 

Преку оваа акција се подига свеста на учениците за важноста од рециклирањето како процес и повторно искористување на материјалите и нивната реупотреба.Со самото тоа се заштедува време,енергија и ресурси.
Исто така повремено во соработка со ПАКОМАК се собира и стара хартија која ќе се рециклира и повторно ќе се употреби.