Инклузивен тим

Тим за инклузија

Тимот за инклузија е формиран во 2011 година со цел да се обезбедат соодветни услови во училиштето за сестрано вклучување на учениците со посебни потреби во секојдневните активности, согласно нивните можности и вештини кои ги поседуваат. Во таа насока пристапот на работа кој го применува тимот за инклузија тежнее кон реализирање на промени во училиштето со цел секој ученик да го развие максимално својот психофизички потенцијал. За тоа да се постигне потребно е да се намалат сите препреки, бариери во образованието за сите ученици. Процесот на инклузија започнува со признавање и почитување на разликите кои постојат меѓу учениците.Тоа е континуиран процес во кој доаѓа до трајни промени во:

  • училишната култура,
  • училишната политика и
  • училишната пракса.

Тимот за инклузија го сочинуваат челнови на стучната служба и одделенски и предметни наставници:

  • Тања Станкова, дефектолог
  • Софка Димитриевска, педагог
  • Дивна Мицкова Гавриловска, предметен наставник по Англиски јазик
  • Стојка Спироска, одделенски наставник
  • Гордана Ангелова, предметен наставник по Математика

Активности на тимот за инклузија:

  • Изготвување на Годишна програма за работа на тимот за инклузија
  • Одржување на работни средби за размена на искуства меѓу наставниците кои предаваат на овие ученици, од областа на обезбедување на индивидуална поддршка, разбирање на соио-емоционалниот развој на учениците и преземање на активности за подобрување на условите за работа.
  • Проценка на психофизичките способности на учениците со пречки во развојот и потешкотии во учењето.
  • Идентификување на ново запишани ученици со пречки во развојот и потешкотии во учењето
  • Поддршка на наставниците при изготвување и реализирање на Индивидуалниот образовен план (ИОП)
  • Консултативни разговори со родители – известување за моменталната состојба,напредокот и предизвиците со кои се соочува ученикот, насоки за работа во домашни услови, изработка на ИОП.
  • Изготвување на едукативни материјали за наставниците и родителите кои ќе се применуваат при реализирање на образвниот процес.