Историјат

ОД НЕКОГАШ ДО ДЕНЕС

Кога ќе се нанижат сеќавањата на постарите жители на населбата Ѓорче Петров II, мислата бездруго ќе ги наврати на далечната 1963 год. Таа година, Скопје, главниот град на Македонија, го погодил катастрофален земјотрес кој оставил трагедии, урнатини, болки и плач. Скопје го граделе луѓе познати и непознати, но со топло срце, вистинско, човечко.Така се изградиле многу улици, фабрики, бараки и се формирале нови населби во кои се чувствувала потреба да се изградат училишта кои ќе ги прифатат учениците.
Училиштето е основано по земјотресот во Скопје на 13 февруари 1964 год. под името ,,14 Ноември”, како подарок од владата на Англија. Почна да работи со 408 ученика во 13 паралелки. Наставата се одвиваше во хангари.
Поради растежот на населбата се појавиле просторни проблеми и потреба за ново училиште. Во 1969 г. почнало да се гради денешното училиште кое го добило името „Ѓорче Петров“.
Училиштето со воспитно-образовниот процес започна да работи во учебната 1971/72 година, зградата е од цврст материјал и располага со следниот простор: 8 училници, 12 кабинети, 2 работилници за ТО, фискултурна сала, библиотека, кино сала, кујна со трпезарија, административни простории, спортски терени и други простории.

i1

Прво отвoрање на училиштето,12 февруари 1964 г.

i2

Прво отвoрање на училиштето,12 февруари 1964 г.

Таа година по природната катастрофа со градење на населбата Ѓорче Петров II, а со решение број 05-134/ I, од Општинското собрание на општина Ѓорче Петров се отворило новото училиште под името ,,14 Ноември”- Денот на ослободувањето на населбата Ѓорче Петров. Училиштето било сместено во 8 хангари и една барака во која биле сместени административните простории, кабинети и салa за приредби. На 13 февруари,1964 год. на гласот на првото ѕвонче во новото училиште ,,14 Ноември” подарок од владата на Англија, почнале да учат 408 ученика распoредени во 13 паралелки од I до VIII одд.

i3

Англискиoт амбасадор, 10. 04.1964 година
во посета на ОУ,,Ѓорче Петров” (14-Ноември) – Скопје

Бројот на учениците и паралелките се зголемувал, а просторните услови станувале минимални, бидејќи осумте хангари не можеле да ги прифатат сите ученици. Во декември 1969 год. се започнало со изградба на ново училиште. Со изградбата на новата училишна зграда се менува и името на училиштето oд ,,14 Ноември” во ,,Ѓорче Петров”, во чест на големиот син и идеолог на македонскиот народ. На 1 септември 1970 год. училиштето се вселува во нова зграда, со што се решава просторниот проблем. На тој величествен чин присуствувале голем број општествено – политички работници и гости, внукот на Ѓорче Петров, д-р Методија Тројачанец, кој на училиштето му ја подарил сликата од големиот револуционер.

i4

Наставничкиот колектив во почетокот на 70-тe години

,,КАКО ПОЧНАВМЕ– сеќавање