Мисија

 Во ова поглавје се дефинираат

принципите, вредностите, очекувањата, мотото и логото на училиштето.

Мисијата на нашето училиште е да обезбеди подобар квалитет на наставата и знаењата на учениците, применувајќи современи модели на работа. Со примена на активните методи на учење да се зголеми мотивацијата кај сите ученици за стекнување на знаења и вештини кои ќе им помогнат да станат самостојни, свесни и одговорни личности, кои ги негуваат, почитуваат и сакаат традицијата и културното наследство, но истовремено да развиваат и индивидуални вредности и стремежи. Од сите нив да создадеме идни граѓани на Европа, идни хуманисти, научници, врвни спортисти и вредни работници и граѓани на Македонија.

Мото: Не учиме за училиштето, туку за животот!

cropped-gplogo.jpg