Проекти

Реализирани активности за проектот
,,Културата и обичаите на етничките заедници во нашето училиште”
(1.03.2013 – 29.06.2013 год.)
etnoetno1
На почетокот на овој проект (1 Март) се формираа тимови кои ќе учествуваат во предвидените активности. Учениците беа запознати со целите и текот на проектот.
На интернет беа направени истражувања за прославите на верските празници на етничките заедници во нашето училиште. Добиените податоци беа снимени во посебен документ и истите се искористија во понатамошните активности –пишување на есеи, состави (наставници – Иванка Мишевска и Васка Трајановска, на 15 Март).
На 28 Март беа направени интервјуа со родители од различни етнички заедници верските обичаи и прославите во нивните домови (Иванка Мишевска со тим I).

За повеќе кликнете тука

Нашето училиште е вклучено во проектот Open Fun Football Schools –каде што на децата им се овозможува едно богато искуство во играта со топка,воедно да се пронајдат и нови играчи талентирани за спортски игри.Со помош на многубројните активности во Отворената Забавна Фудбалска школа – Open Fun Football Schools и забавниот фудбалски концепт на децата им се овозможуваат убави доживувања со своите другарчиња, што влијае на засилување на нивната самодоверба како и нивната радост да играат фудбал со своите другарчиња.

Изминативе години нашето училиште активно работи на полето на заштита на животната средина при тоа едуцирајки ги самите ученици како да создадат и да одржат здрава животна средина. Од пред неколку години активно го воведовме еколошкото образование во наставата,во кои беа вклучени сите предметни и одделенски наставници.За таа цел нашето училиште потпиша Меморандум за соработка со Опшина Ѓорче Петров.Сите предметни и одделенски наставници реализираат интегрирани часови со еколошка содржина во склоп со нивните наставни планови и програми.

Проектот „Традиционална кујна на етничките заедници во нашето училиште“ беше реализиран со поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), како дел од компонентата за мали училишни иницијативи за интеркултурни активности на Програмата за образование на Роми на Фондацијата отворено општество – Македонија. Во реализацијата учествуваа ученици, наставници и родители од нашето училиште ООУ „Ѓорче Петров“ – Скопје.

Извештај за активностите во рамките на проектот Традиционална кујна на етничките заедници во нашето училиште”

На 18.11.2013 – учениците беа информирани за целите и задачите на проектот и начинот на кој тие ќе се остварат.
Во проектот учествуваа следните ученици:

Запознај ме за повеќе да се дружиме
и поубаво да живееме

Проектот ,,Културата и обичаите на етничките заедници” го изработија ученици, наставници и родители од нашето училиште, ООУ ,,Ѓорче Петров”-Скопје.
Проектот беше подржан од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од компонентата за мали училишни иницијативи за интеркултурни активности на Програмата за образование на Роми на Фондацијата отворено општество-Македонија.

МИО
(Меѓуетничка интеграција во образованието)

Четиригодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието  работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем. Во фокусот на проектните активности се учениците, родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори