Директор

2

Зоран Бошковски, директор на ООУ Ѓорче Петров, од 2006 година. Дипломиран професор по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во образование вработен од 1995 год. Работел како новинар, се занимавал со издавачка дејност како уредник на списанија за деца и млади. Автор е на два Лексикона на поими и изрази од книжевноста и јазикот, на учебник и работна тетратка по македонски јазик за четврто одделение, учествувал во подготовка на многу Прирачници и дополнителна литература од областа на образованието. Унапредувањето на воспитно-образовниот процес и создавањето подобри услови за работа во училиштето е неговата визија и секојдневна преокупација.