ООУ Ѓорче Петров

Известувања

Мисија

Мисијата на нашето училиште е да обезбеди подобар квалитет на наставата и знаењата на учениците, применувајќи современи модели на работа. Со примена на активните методи на учење да се зголеми мотивацијата кај сите ученици за стекнување на знаења и вештини кои ќе им помогнат да станат самостојни, свесни и одговорни личности, кои ги негуваат, почитуваат и сакаат традицијата и културното наследство, но истовремено да развиваат и индивидуални вредности и стремежи. Од сите нив да создадеме идни граѓани на европа, идни хуманисти, научници, врвни спортисти и вредни работници и граѓани на македонија.

Мото: Не учиме за училиштето, туку за животот!

Визија

Училиште кое создава мотивирачка и поттикнувачка средина за учење и подучување на сите ученици. Сите вработени да бидат професионалци, соработници но и пријатели. Родителите да ни бидат партнери, а локалната заедница соработник.

Владата донесе Уредба со законска сила со која наставата и оценувањето во основните училишта за времетраење на вонредната состојба се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација. Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.

За периодот на организирање на наставата во основните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците. Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.

Дневени активности за работа на учениците во
домашни услови

1. 8,00- 10,00 Будење на учениците
- Извршување на утрински хигиенски навики,
- Утринско вежбање,
- Утрински појадок полн со витамини и минерали;

2. 10,00- 12,00 Следење на електронска настава ТВ- училница
Работата на учениците се состои во :
- Следење на содржините во емисијата кои имаат едукативен карактер;
- Стекнување на одговорност за правилно следење и внимание на содржините.

3. 12,00 – 14,00 Време за пауза, одмор и релаксација

4. 14,00 – 16,00 Самостојна работа на учениците во домашни услови
- Помагање со појаснување на недоволно јасни содржини преку консултации со наставникот;
- Проширување на содржините со читање на дополнителна литература;
- Развивање интелектуалните способности на ученикот: мислење, набљудување, помнење, развивање на мисловните операции и сл.;
- Формирање на индивидуални ставови;
- Разгледување на насоките и електронскиот материјал за учење од дома, пишување и испраќање на домашните задачи на наставникот.

Почитувани ученици и родители, за сите прашања што се однесуваат за домашните работни задачи или материјалот што се изучува, ве молам да ги контактирате наставниците преку електронска пошта на следниот линк →