ИЗВЕСТУВАЊЕ за запишување ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година

Почитувани родители,

 

Заради вонредната состојба во нашата држава за спречување на ширење на вирусот COVID – 19 (коронавирус) и според донедена Уредба со законска сила (Службен весник на РСМ број 116, од 05 мај 2020), запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година  ќе се реализира со одредени измени:

Законски регулативи

  • Процедурата при уписот е проследена со следниве документи: Известување, Оглас, Пријава за запишување ученик во прво одделение, Реонизација и формулари за прибирање податоци.
  • Уписите ќе реализираат во месец јуни, 2020 година.
  • Училиштето на 15 мај 2020 година ќе објави Оглас за запишување ученици во прво одделение.
  • Огласот ќе биде поставен на веб страната на училиштето и ќе биде истакнат на влезната врата од училиштето.
  • Во огласот ќе бидат наведени условите за упис на децата во прво одделение и начинот на спроведување на истиот.
  • За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето и на веб страната на училиштето најдоцна до 15 јули 2020 година.

 

 

За учебната 2020 / 21 год. во прво одделение запишуваме деца кои се родени во 2014 година, што до крајот на календарската 2020 година ќе наполнат шест години.

Исто така, детето може да биде запишано во прво одделение ако е родено во јануари 2015 година, кое до 31.01.2021 година ќе наполни шест години по претходно писмено барање од родителот / старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

 

 

 

Запишувањето на првачињата ќе се спроведе на следниот начин:

  • За полесно, побезбедно и пофункционално спроведување на уписот подготвивме неколку инструменти за собирање на податоците (што ви се дадени во папката Упис на првачиња на училишната веб страна).
  • За on-line пријавување, училиштето отвори посебна маил адреса upisgorcepetrov@gmail.com за електронска комуникација со родителите / старателите на деца кои треба да се запишат во прво одделение.
  • Уписот треба да го направат родителите / старателите на децата кои припаѓаат на реонот на нашето училиште (види документ Реонизација).
  • Сите потребни формулари треба да се потполнат и заедно со потребните документи треба скенирани да се испратат по електронски пат на училишниот маил upisgorcepetrov@gmail.com (види папка Упис на првачиња).
  • За граѓаните кои немаат услови за on-line пријавување, ќе се овозможи лично доставување на пријавите и потребните документи во текот на месец јуни, по претходно најавување и договорен термин преку контакт телефон 071/214-125

Напомена: Се задолжуваат родителите / старателите кои според местото на живеење, припаѓаат на реонот на основното училиште Ѓорче Петров, да ги обезбедат и подготват потребните документи за запишување на децата во прво одделение со цел уписот да се одвива без пречки, бидејќи без потребните документи не ќе може да бидат запишани децата во прво одделение.

 

Потребни документи за запишување на детето во прво одделение:

  • Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
  • Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од Надлежна здравствена установа;
  • Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог на Јавно здравство во Поликлиника Ѓорче Петров;
  • Потврда за офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа;
  • Лични карти на двајцата родители / старатели, како доказ за местото на  живеење (фотокопија).

За начинот и времето на опсервацијата, како и за сите останати активности поврзани со уписот на децата во прво одделение согласно дадени дополнителни насоки од Министерството за образование и наука, ќе бидете информирани на официјалната веб страна на училиштето и на огласна табла во училиштето.

Оригиналните документи треба да бидат доставени кај педагошко – психолошката служба на денот на опсервацијата на Вашето дете.

Дополнително, преку телефонски разговор, ќе бидете информирани за терминот на опсервација на Вашето дете за запишување во прво оддление.

За сите останати Ваши прашања или информации, можете да се обратите и да пишете на следнава маил адреса: ougorcepetrov@yahoo.com

 

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА СОРАБОТКАТА И ОСТАНЕТЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ!

ГРАДОНАЧАЛНИК

АЛЕКСАНДАР НАУМОСКИ

Известување во пишана форма